Харадинај: Никој од моето семејство не убил Албанец. Ни нарачано, ни од грб, ни од напред

Вршителот на должноста косовски премиер Рамуш Харадинај зборуваше за чувствителните теми од повоениот период, пренесува Коссев.

Харадинај ретко зборува за мистериозното убиство на неговиот брат Енвер по војната. „Енвер не беше проблематично момче кое создавало проблеми. Беше исклучително љубезен и два пати беше ранет за време на војната“, пренесуваат косовските медиуми.

Харадинај кажа дека неговото убиство било дел од свенариото подготвено од Србија бидејќи Енвер не направил ништо лошо на ниеден Албанец.

„Мислам дека неговото убиство беше дел од тоа сценарио, тоа беше докажано во Дукаѓин. семејствата да се вратат во непријателсво. Точно е дека некои Албанци во еден момент извршија злосторства, но сценариото беше српско“.

Харадинај тврди дека убиството на Енвер било политичко бидејчи, како што кажа, нема кривичен преседан.

„Во војната никој никого не уништи освен Србија. Беше убиен само затоа што беше мој брат, или наш. Даут и јас тогаш бевме во затвор. Беше убиен за да се поттикне одмазда. Но никој од моето семејство не убил Албанец. Ни нарачано, ни од грб, ни од напред. Нашето семејство секогаш имало кодекс на чест кој го чуваме“.

Тој истакна и дека разговарал и со поранешниот претседател Ибрахим Ругова за тоа кој ги извршил тие убиства.

Кажа дека и нему му биле убиени многу борци од неговата група, но и дека не сакал да прави список за да не поттикнува братоубиство.

На Рамуш Харадинај му се судеше во Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово и Метохија, но во 2012 година беше правосилно ослободен од сите обвиненија.

Трибунало и во 2008 година го ослободи сега поранешниот косовски премиер и лидер на УЧК за убиства над цивилите на КиМ во 1998 година.

Рамуш Харадинај, кој пред да се приклучи на УЧК, работел како исфрлувач во ноќен клуб, претходно стана косовски премиер во 2004 година.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе