Харадинај: Никогаш не сум се заканувал на сведоци

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај изјави дека никогаш не се заканувал на сведоци, дека е докажано дека е погрешно поврзувањето на тие тврдења со неговиот случај.

„Јас тоа никогаш не сум го правел и никогаш не го правел тоа некој друг, па макар и без да знам јас. Имаше еднаш еден сведок против мене кој загина во сообраќајна несреќа со пијан Србин во Црна Гора. Но дури по неговата смрт се дозна дека неговото име е на листата сведоци на обвинението против мене“, кажа Харадинај за германскиот весник Франкфурте алгемајне цајтунг.

Харадинај кажа и дека во 2011 во Белград тогашниот главен обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц кажа дека во неговиот случај „не е убиен ниту еден единствен сведок на листата на обвинението или во програмата за заштита на сведоците“.

„На друго судење против мене во Хаг судиите дури потврдија дека сум наредил да нема закани против сведоците. Секој кој требало да сведочи против мене на судењата тоа можел да го направи“, кажа косовскиот премиер во оставка.

Тој кажа дека „имало случаи кога луѓе се обидувале да влезат во програмата на заштита на сведоци за да имаат подобар живот во друга земја“.

„Понудија да соработуваат со обвинителството само доколку бидат примени во програмата за заштита на сведоци со друг идентитет. Тие отидоа толку далеку што лажеа пред судот, што искусните судии го забележаа. Тоа претходно се случувало“, кажа Харадинај.

Тој истакна дека за него било „големо изненадување“ што е повторно повикан пред судот поради злосторствата на УЧК и навести дека неговото противење на промените на границите на Косово би можел да биде факторот кој влијаел да добие покана како осомничен.

„Не е тајна дека се противам на промените на границите што го поддржува и дел од меѓународната заедница. Сметам дека тоа е премногу опасно. Затоа велам дека царините од 100 отсто на увозот на стока од Србија ќе останат сѐ додека Белград не ја признае независноста на Косово. Соочувајќи се со такви околности, постојат многу теории и нагаѓања како се случи тоа сега да бидам повикан“, кажа Харадинај на прашањето дали се согласува со ставот дека Специјалниот суд за Косово е инструмент за дисциплинирање на косовските политичари кои не се придржуваат до наредбите на Западот.

На констатацијата на новинарот на германскиот весник дека изгледа дека „воведувањето на царините го чинела поддршката на Вашингтон, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп поддржува промена на границите и размена на територии меѓу Србија и Косово“, Харадинај наведе дека „бил свесен за можните последици“.

„Но, секогаш бев искрен кон нашите сојузници во Вашингтон и Европа, зборувајќи им дека промените на границите ја загрозуваат стабилноста на Косово и во целиот регион. Освен тоа, многу е тешко да се отвори нашиот пазар кон соседната земја која го негира нашето постоење и ни се заканува. Затоа на Косово постои консензус дека царините остануваат сѐ додека не дојде до признавање (од Србија)“, додаде Харадинај.

Харадинај на 19 јули поднесе оставка на позицијата премиер откако доби покана за сослушување пред Специјалниот суд за злосторствата на УЧК во Хаг.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе