Харадинај: Ние сме заедно и силни сме. Никој нема да нѐ подели

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај истакна дека Косово нема да биде поделено и дека владата, како што кажа, ќе ги брани суверенитетот и интегритетот на територијата по секоја цена.

„Почитувани граѓани на Република Косово, ние сме заедно и силни сме. Никој нема да нѐ подели. Суверенитетот и интегритетот на Косово се неповредливи и ние ќе ги браниме по секоја цена“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Пораката на Харадинај следи откако во Приштина повторно се отвори приказната дека косовскиот претседател Хашим Тачи не се откажува од идејата за размена на територии со Србија.

Пратеникот на опозициското движење Самоопределување, Реџеп Селими, изјави на прес-конференција претходно денес дека Тачи со претседателот на Србија Александар Вучиќ „има таен план за поделба на Косово“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе