Харадинај: Непријател е секој кој ќе го отвори прашањето на границите

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека прашањето на корекција на границите на Косово му одговара само на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој истакна дека секој што ќе го отвори прашањето на границите ќе го смета за непријател на албанскиот народ. Тој ова го кажа вчера во Дечани, каде разговарал со албански семејства, пренесуваат приштинските портали.

Харадинај повтори и дека царините од 100 отсто на стоката од Србија и БиХ нема да бидат укинати сѐ додека Белград не ја признае косовската независност, и додаде дека царините не го попречуваат финалниот договор со Белград.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе