Харадинај: Нема да има заемно признавање во Вашингтон

Рамуш Харадинај изјави дека е тешко да се поверува во постигнување заемно признавање за време на претстјниот дијалог на Белград и Приштина во Вашингтон.

EPA-EFE

Меѓутоа, тој додаде дека на таа средба ќе дојде до „политички напредок“ во односите на двете страни.

Харадинај за приштинската телевизија Т7 кажа дека сите лидери на владејачката коалиција се сретнале и детално разговарале за тоа што ја чека приштинската делегација на состанокот во Вашингтон на 4 септември.

„Принципот на територијална неповредливост. За принципот на уставноста и Заедницата на српски општини воопшто нема да се зборува во Вашингтон. Дека ќе се постигне признавање, тешко е да се поверува. Но, ќе дојде до политички напредок“, кажа поранешниот косовски премиер.

Според него, Белата куќа ќе бара од Европската Унија поголем напредок во дијалогот.

„Европската Унија се плаши дека Белата куќа ќе инсистира на конечен договор, но тоа нема да биде постигнато. Ќе има голем напредок во меѓусебните односи. Ќе се разговара главно за економските теми“, додаде Харадинај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе