Харадинај: Најава за визна либерализација и без укинување на царините

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека самитот во Берлин имал историско значење поради тоа што, како што оцени, без укинување на царините на производите од Србија и БиХ биле добиена најава за скоро воведување либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово.

Харадинај за телевизијата Т7 кажа дека еден ден откако претставниците на Приштина биле „критикувани поради царините на српските и босанските производи, германски функционери потврдиле дека Германија решила да ги либерализира визите“.

„Тие не тргуваа со царините. Следниот ден (германската канцеларка Ангела) Меркел го ангажираше својот министер да потврди дека наскоро ќе има либерализација“, кажа косовскиот премиер.

Како што пренесе Газета експрес, тој најави дека ќе се сретне со Меркел во Берлин на почетокот на јуни.

Газета неодамна пренесе и дека косовскиот претседател Хашим Тачи кажал дека е „фрустриран поради фактот што земјите од ЕУ не се единствени во поглед на либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе