Харадинај: На Косово му се заканува банкрот

Ако не биде усвоен буџетот за 2020 година, Косово ќе банкротира, предупреди косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај.

Минатогодишниот буџет, кажа Харадинај, може да се користи до март, а ако не биде усвоен новиот, од април нема да постојат други правни инструменти за функционирање на косовските институвции.

„Без одобрување на буџетот за оваа година, државата ќе банкротира“, кажа Харадинај на конференција за новинарите по седница на владата.

Харадинај кажа дека нема пречки за функционирање на институциите во јануари и февруари.

Но според него, ако ситуацијата продолжи и во втората половина на февруари, тогаш институциите ќе влезат во функционален ризик.

„Од 1 април не постојат други правни инструменти за функционирање на државата во финансиска смисла и не само што ќе банкротираме, туку и целосно ќе пропаднеме“, предупреди Харадинај.

Според косовските закони, 1/12 од прелиминарниот буџет автоматски се активира за јануари и февруари, во меѓувреме и за март, ако буџетот за 2020 година не биде изгласан во парламентот, можно е да се побара продолжено траење на прелиминарниот буџет за уште еден месец.

Ако процедурите не се испочитуваат, во април дефинитивно ќе дојде до финансиска блокада, истакна Харадинај.

Тој кажа дека одговорноста за функционирањето на приштинските институции ја има движењето Самоопределување, победникот на октомвриските вонредни парламентарни избори и дека таа партија треба да размислува што понатаму.

„Победничката партија е одговорна за формирање на институциите, а во овој случај тоа се Самоопределување и Аљбин Курти“, кажа Харадинај, потсетувајќи дека изборите беа одржани пред три месеци, а дека двете водечки партии, Самоопределување и Демократската партија на Косово, сѐ уште не успеваат да се договорат за заедничка влада.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе