Харадинај му се закани на Белград: „Ќе бидете бомбардирани ако само еден српски војник стапне на Косово“

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе на Косово.

EPA-EFE

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово кажа дека нема аналогија меѓу војната на Косово и војната во Украина. Тој, меѓутоа, оцени дека меѓународната заедница во Украина задоцнила да реагира исто како на Косово.

Кажа дека Русија има влијание во некои делови од Балканот, но дека, според него, воопшто не е присутна на Косово. Харадинај истакна дека (српскиот претседател Александар) Вучиќ и Србија во овој момент немаат храброст да интервенираат на северот на Косово, поради меѓународните гаранции.

„Кога тоа би се случило, тогаш целиот свет би знаел дека Вучиќ тоа го прави за Русија. Ако нема можност да најде решение за Русија, Западот е прилично добар во наоѓање решение за Србија, како што тоа веќе го направи во 1999 година“, кажа тој.

„Знам дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран ако такво нешто се случи, како во 1999. Тоа раководството на Србија добро го знае. Ако српски офицер мине низ територијата на Косово, Белград ќе биде бомбардиран, а не која било друга територија“, додаде Харадинај.

„Мораме да ја работиме својата работа. Но Србија знае дека Косово е подрачје на одговорност на Америка, Британија и другите“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе