Харадинај на Фејсбук го праша Курти зошто избрзува со новите одлуки.
„Зошто брзате Аљбин Курти со сите планови, со работата и дејствата што ги правите, или обидувајќи се да спроведете фиктивни избори на северот, или со именувањето министри по итна постапка, или со спротивставените знаци... и секогаш се повлекуваш како вчера и правиш Косово да изгледа како губитник. Од каде ви е таа сметка, сакате ли опасен север по секоја цена, или не знаете и нема кој да ве научи? Престанете. Во спротивно ќе ги носите оваа држава и овој народ на врат“, остро му порача Харадинај.