Кажа дека тоа би го сметал за голема одговорност и чест

Харадинај можен кандидат за косовски претседател

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово (АБК) Рамуш Харадинај може да биде кандидат за косовски претседател, соопшти вчера советот на таа партија по состанокот одржан во Приштина.

EPA-EFE

Заменик претседателот на партијата Ардијан Џини изјави дека постојат иницијативи Харадинај да биде кандидат за претседател.

Според него, можни се нови околности околу прашањето за избор на претседател, дури и ако не биде потврдено обвинението против актуелниот претседател Хашим Тачи.

„Сите се надеваме дека обвинението нема да биде потврдено, но сепак за четири или пет месеци мораме да влеземе во процесот на избор на претседател“, кажа Џини.

Харадинај на Фејсбук потврди дека тој може да биде кандидат за претседател.

„Верувам дека ќе бидам кандидат за претседател, ако за тоа се расправа врз основа на уставот, тоа го сметам за голема одговорност и особена чест“, напиша Харадинај на социјалната мрежа.

Партнерите во владејачката коалиција на Косово, Алијансата за иднина на Косово и Демократскиот сојуз на Косово не се договориле за позицијата претседател, откако на Тачи ќе му истече мандатот на пролет 2021 година.

Специјалното обвинителство во Хаг на крајот на јуни соопшти дека на 24 април е поднесено на потврдување обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото против косовскиот претседател Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи и други поранешни припадници на УЧК.

Тачи наведе дека, ако обвинението против него биде потврдено, ќе поднесе оставка на функцијата претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе