Харадинај: Могерини предизвика големи трауми, дијалогот е исфрлен од колосек

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај повторно ја обвини шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини дека е одговорна за штетата нанесена на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Со тоа, како што кажа, предизвикала политичка драма не само на косовската територија, туку и во регионот.

Харадинај ова го кажа на собир по повод потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, реагирајќи на изјавата на шефицата на Канцеларијата на ЕУ во Приштина Наталија Апостолова.

Апостолова ја повика Приштина да ги укине наметнатите царини на увозот од Србија и Бих.

„Наметнатите стоотстотни царини на стоката од Србија не се само кршење на ЦЕФТА договорот, тие не се ни во духот на Договорот за стабилизација и асоцијација“, кажа Апостолова.

За Харадинај одговорна е Федерика Могерини.

„Могерини предизвика големи трауми во регионот, дијалогот е исфрлен од колосек“, кажа косовскиот премиер. Весникот Коха пренесува дека тој додал дека Приштина се „соочува со предизвици кои потекнуваа од Договорот за стабилизација и асоцијација“.

„Не можеме да ги постигнеме сите цели од Договорот, поради тешкотиите кои ни ги создава комесарката Федерика Могерини. Сето ова е последица на разговорите за размена на територии“, кажа Харадинај.

Тој оцени дека Договорот за стабилизација и асоцијација е одличен, со напомена дека Приштина се обврзала дека ќе ги изврши своите „меѓународни обврски за јакнење на демократизацијата, воспоставувањето на стабилноста, реформа на администрацијата и јакнењето на безбедноста“.

„Договорот е нов почеток за косовската економија, бидејќи Косово може да извезува во земјите од ЕУ, но старата рана останува, а тоа е недостигот од визна либерализација“, кажа Харадинај.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе