Харадинај му порача дека тоа би можел да го прави наместо да посредува во решавањето на проблемите меѓу Грција и Турција.
Лидерот на Алијанса за иднина на Косово ова го кажа за каналот Орањуз на Јутјуб и истакна дека би било подобро Рама да работи на тоа Атина да ја признае независноста на Косово, бидејќи Грција е една од земјите кои не го направиле тоа, пренесуваат албанските медиуми.
И претходно постоеја несогласувања меѓу Рама и Харадинај, а албанскиот премиер дури поднесе тужба за клевета против Харадинај.