Харадинај мисли дека Рама има поважна работа од тоа да посредува меѓу Грција и Турција – да лобира за Косово

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај му порача на албанскиот премиер Еди Рама дека би можел да работи на нови признавања на Косово.

EPA-EFE

Харадинај му порача дека тоа би можел да го прави наместо да посредува во решавањето на проблемите меѓу Грција и Турција.

Лидерот на Алијанса за иднина на Косово ова го кажа за каналот Орањуз на Јутјуб и истакна дека би било подобро Рама да работи на тоа Атина да ја признае независноста на Косово, бидејќи Грција е една од земјите кои не го направиле тоа, пренесуваат албанските медиуми.

И претходно постоеја несогласувања меѓу Рама и Харадинај, а албанскиот премиер дури поднесе тужба за клевета против Харадинај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе