Харадинај: Курти со укинувањето на царините му помага на Вучиќ

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај кажа дека одлуката на претседателот на косовската влада Аљбин Курти да ги укине царините пред парламентарните избори во Србија му оди во корист на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Харадинај тврди дека Вучиќ и Курти постигнале договор, што е, според него, разбирливо, бидејќи на актуелната косовска влада ѝ се потребни гласовите на Српска листа, пренесува Коха диторе.

Тој смета дека одлуката на Курти да ги симне царините на производите од Србија и БиХ е неприфатлива за Приштина.

Сто отсто зголемените царини на српските и производите од БиХ ги воведе владата на Харадинај во ноември 2018, откако, благодарение на кампањата на официјален Белград, пропадна апликацијата на Приштина за членство во Интерпол.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе