„Го лаже народот со опасен пристап кон дијалогот“

Харадинај: Курти е обичен измамник, од Вучиќ требаше да бара признавање на Косово

Претседателот на Алијанса за иднина на Косово (АБК) и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај го нарече денес актуелниот премиер на Косово „обичен измамник“ и го обвини за погрешен пристап кон процесот на дијалогот со Србија.

EPA-EFE

Харадинај оцени дека Курти на вчерашниот состанок во Брисел со претседателот на Србија Александар Вучиќ требало да побара признавање на Косово.

„Тоа е токму тоа на што предупредувавме, опасноста од измамникот Курти. Тој е обичен измамник и го лаже народот на Косово со опасен пристап кон дијалогот, не барајќи ја супстанцата за која се води дијалогот. Тоа не е дијалог, тоа е губење време и измама за Косово бидејќи фокусот не е на заемното признавање што останува главно прашање“, кажа Харадинај за приштинската агенција Косовапрес.

Лидерот на АБК оцени дека Курти „го враќа дијалогот на почеток“.

Новата рунда на дијалогот на Белград и Приштина на највисоко ниво во која за првпат се сретнаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти се одржа вчера во Брисел.

На состанокот учествуваа и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе