Очекува што поскоро членство

Харадинај: Косово во НАТО до 2020 година

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека се надева дека Приштина до 2020 година ќе пристапи во НАТО алијансата, пренесуваат српските медиуми.

Харадинај, на конференцијата „НАТО и Западниот Балкан – регионалната динамика во глобалните безбедносни предизвици“, истакна дека во овој момент најголемите опасности се тероризмот, мешањето на Русија, сајбер криминалот и глобалната корупција“, пренесува РТК2.

Тој додаде дека „Косово има воен стаж и сака што побрзо да влезе во НАТО“.

Харадинај очекува до 2020 година Косово да се придружи на „најмоќната воена организација во светот“.

Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи изјави дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска на Косово е несопирлив процес, неопходен и во интерес на сите страни.

Весељи истакна дека Приштина е посветена на добрите односи „со сите соседи“, и дека со Србија истовремено го продолжува дијалогот за нормализација „како прва фаза на неизбежниот процес на меѓународно признавање“.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе