„Од што се плашиме?“

Харадинај: Косово никогаш немало подобра ситуација во однос на Србија

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај изјави дека Косово во дијалогот никогаш немало подобра ситуација во однос на Србија.

EPA-EFE

Но, според него, владата не оди напред, пренесуваат приштинските медиуми.

Харадинај кажа дека посредниците изнеле некои многу напредни принципи за Косово: територијален интегритет, суверенитет и уставност.

„Од што се плашиме ако овие нешта ни се загарантирани? Загрижувачко е што Косово не оди напред во дијалогот кога ги има овие три гаранции“, кажа Харадинај.

Според него, пристапот на косовската влада „ја спасува Србија“.

„Нашата власт ја спасува Србија од обврската да каже „да“ или „не“. Премиерот на Косово ја штити Србија со одржување на техничкиот дијалог. Премиерот на Косово не го става (српскиот претседател Александар) Вучиќ во таа ситуација. Признавањето или непризнавањето на Косово за Србија е исто што и ситуацијата со Русија и Украина. Дали сте со Путин или со Западот“, кажа Харадинај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе