Од дијалогот Белград-Приштина

Харадинај: Кина и Русија самите се повлекоа од процесот

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај кажа дека „Кина и Русија самите се повлекоа од дијалогот меѓу Белград и Приштина“.

Тој тоа го кажа по повод изјавата на премиерката на Србија Ана Брнабиќ дека во процесот треба да учествуваат Кина и Русија.

Клан Косова објави дека Харадинај при посетата на косовски Ораховац кажал дека процесот на дијалогот меѓу Косово и Србија треба да донесе конкретни резултати.

Според Харадинај, овој процес треба да го поддржат оние што го почнале, како НАТО, ЕУ и Соединетите Американски Држави.

Косовскиот премиер наведе и дека се сложува дека дијалогот со Белград треба да го води косовскиот претседател Хашим Тачи.

„Меѓутоа, барам единство во овој процес и поддршка и од опозицијата“, порача Харадинај.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе