Харадинај: Изгубив поради Србија, но го ослободив Косово

Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај изјави дека на неодамнешните вонредни парламентарни избори ги изгубил гласовите поради Србија.

„Јас ги загубив гласовите поради Србија, бидејќи постои можност да се влијае преку меките сили, одредени интереси, во времето кога ги воведов царините за Србија“, кажа Харадинај за приштинската телевизија Т7.

Тој кажа дека е благодарен за тоа што на последните избори добил 100.000 гласови, и покрај фактот дека им се спротивставил на Америка, Федерика Могерини и на укинувањето на царините на стоката од Србија.

Тој истакна дека го ослободил Косово од оние кои се обидувале да го уценуваат и него и Косово.

„Го ослободив Косово од сите оние кои се обидуваа да ме уценуваат и мене и други и Косово“, кажа Харадинај.

Тој го искоментира и учеството на Ањбин Курти, најверојатниот следен косовски премиер, на меѓународна конференција на која Србија ја претставувал директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ.

Харадинај кажа дека Курти, како иден премиер на Косово, не мора да седи со Ѓуриќ. Оцени дека Курти требало да доведе понизок службеник кој би го претставувал Косово.

„Кога е Ѓуриќ тука, тогаш треба да се испрати некој партиски функционер за технички прашања“, кажа Харадинај.

„Ако на официјална конференција е претседателот на Србија, Александар Вучиќ или српската премиерка Ана Брнабиќ, тогаш оди премиерот или мандатарот за премиер“, смета Харадинај.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе