Косовскиот премиер против Могерини и Хан

Харадинај: Досега ќе се постигнеше договор да немаше изјави за корекции на границите

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај кажа денес дека шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан изгубиле една година поради изјавите за корекции на границите на Балканот и дека најверојатно досега ќе се постигнел договор доколку не се зборувало за тоа.

Харадинај денес во Липљане реагираше на изјавата на Хан за Вашингтон пост дека не се исклучува можноста за разговори за промена на границата ако со тоа се согласат двете страни, што Харадинај го оцени како продолжување на грешките кои ги прави ЕУ.

„Изјавата која ја остава отворена можноста за разговори за територии и границите е продолжување на погрешната политика на овие Европејци кои за среќа си заминуваат“, кажа Харадинај.

Со таквите ставови на функционерите на ЕУ, Харадинај смета дека процесот на постигнување на договор се оддалечува и доцни.

На прашањето дали би прифатил договор за време на средбата во Берлин на 29 април, Харадинај кажа дека нема мандат да преговара, дека косовското собрание тој мандат му го дало на државниот преговарачки тим, но дека нема да има договор доколку се спомнуваат граници и територии.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе