За виенски Стандард

Харадинај: Договор со Србија е можен, но Белград не може да ги поставува условите

Во интервју за виенски Стандард од вчера попладне, Рамуш Харадинај кажа што мисли за тоа дали е можен договор со Белград.

Договор со Србија е можен, но Белград не може да ги поставува условите за продолжување на дијалогот, кажа поранешниот косовски премиер во интервју што виенскиот весник го објави вчера попладне во своето онлајн издание, пред синоќа да бидат соопштени првичните резултати од изборите на Косово, кои покажаа дека Харадинај доживеал пораз.

Така, на констатацијата на Стандард дека, ако сака продолжување на дијалогот, Косово ќе мора најпрво да ги укине царините на српската стока, Харадинај одговори со прашање: „А сака ли Србија воопшто дијалог?“.

„Ако навистина сака дијалог, зошто тогаш го спречи членството на Косово во Интерпол? Кај нашето членство станува збор за спречување на транснационалниот криминал. ЕУ и вие би требало да ја прашање Србија што таа воопшто сака“, порача Харадинај.

А на прашањето што сака тој, Харадинај кажа дека сака дијалог и решение.

„И тоа е едноставно – меѓусебно признавање во постојните граници. Тогаш тоа би овозможило и економски и секакви други односи“, истакна доскорашниот косовски премиер.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе