Косовскиот премиер во оставка

Харадинај до Брнабиќ: „Дијалогот го блокираат територијалните претензии на Србија, а не царините“

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај на својот профил на Твитер реагираше на изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека приштинските царини го оневозможиле дијалогот.

Харадинај тврди дека дијалогот на Белград и Приштина го блокирале „територијалните претензии на Србија, а не царините“.

Тој напиша и дека Косово е „суверена држава, меѓународно призната, со постоечки граници“.

„Колку побрзо Србија и Брнабиќ го прифатат тој факт, толку подобро за нив“, напиша Харадинај на социјалната мрежа.

Српската премиерка Брнабиќ во вчерашно интервју за Танјуг кажа дека приштинските царини создале атмосфера во која повеќе не е можен каков било дијалог.

„Штом царините бидат укинати, и ние сме спремни да го продолжиме дијалогот“, кажа Брнабиќ.

Таа истакна и дека признавањето на Косово во сегашните граници е „црвената линија“ преку која Србија нема да помине.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе