Приштина

Харадинај: Царините остануваат, спремна е платформата за Белград

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека царините од 100 отсто на увоз на стока од Србија и БиХ остануваат на сила.

Тој зборувајќи за денешната средба со претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на косовското собрание Кадри Весељи кажа дека темата на разговорите била платформата за дијалогот со Белград, пренесуваат косовските медиуми.

„Денес е договорено дека платформата е спремна за претставување во парламентот“, кажа Харадинај.

На барањето да даде коментар за откажувањето на посетата на американскиот генерал Тимоти Ор на Приштина, тој кажа дека не добил причина, како и дека не добил официјална потврда за откажување на посетата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе