Харадинај: Аљбин измамникот се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово

Поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај оцени дека одлуката на Аљбин Курти за укинување на царините е всушност предавање на Курти на Србија.

„Вечерва Аљбин измамникот ѝ се предаде на Србија. Тоа е почетокот на враќањето на Србија и Русија на Косово. Аљбин, измамнику, од денес си одговорен за повторното освојување на Косово од Србија. Бог да ги благослови Косово и неговиот народ“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Харадинај беше на чело на косовската влада кога во 2018 година беше донесена одлуката за воведување на царините од сто отсто за производите од Србија и БиХ и сега е најголемиот противник на нивното укинување.

Тој најави дека неговата партија ќе бара вонредна седница на косовското собрание на која ќе предложи резолуција против укинувањето на царините.

Прмеиерот на Косово Аљбин Курти вечерва соопшти дека од 15 март почнува постепено укинување на царините на производите од Србија и Босна и Херцеговина.

„Прво, како знак на добра волја и спремност за решавање на економскиот спор со Србија, на 15 март ќе донесеме одлука да се укинат царините на сировините увезени од Србија и БиХ“, кажа Курти на вонредна конференција за медиумите.

Истовремено, Србија треба да се обврзе дека ќе ја сопре кампањата против признавањето на независноста на Косово и исто така да почне со отстранување на трговските пречки.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе