Харадинај: Албанците немаат земја за давање

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај продолжува да се спротивставува на секаков договор што би влијаел на менување на границите на Косово.

Тој истакна дека би требало да се заштити сегашната територијална целовитост, пренесуваат косовските медиуми.

„Ние на Косово сме на вистинската страна, но сме во момент кога треба да водиме сметка за нашата земја. Познато е дека Албанците со векови ја давале земјата што им ја дал Бог. Кога велам земјата на Албанците, мислам на сите етнички заедници што живеат во своите домови. Сепак нема враќање и практиката на одземање од Албанците веќе ја нема“, кажа Харадинај.

Според него, сето тоа го сменила „генерацијата на УЧК“, а, како што кажа, „се смени и текот на историјата“.

Харадинај додаде дека Косово од 17 февруари 2008 година е производ на компромиси и кој и да се обиде да го смени тоа ќе ги активира правата на Албанците.

„Се сложивме да го исполниме своето право, Косово од 17 февруари, убедени дека уште еднаш докажуваме дека сакаме мир и стабилност на Балканот“, кажа Харадинај.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе