Харадинај: Ако Трамп повика на укинување на царините, значи дека постои договор

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека спорните царини ќе бидат суспендирани ако постои договор со кој Белград на крајот на дијалогот би го признал Косово.

Тој повтори дека би требало да биде јасно дека царините нема да исчезнат без признавање, но, според него, „постојат можности да се суспендираат доколку се подготви договор за меѓусебно признавање на Косово и Србија“.

„Кога го напишав првото писмо како одговор на меѓународниот план да покажам дека Косово не е за блокирање на процесот, кажа дека ако претседателот (Доналд) Трамп ги повика страните, веднаш ги укинуваме царините, бидејќи тоа би значело дека постои нешто сериозно – постои договор“, прецизираше Харадинај.

Тој кажа дека Косово не ја затворило вратата за царините, но дека должината на процесот на дијалогот му дава на Белград можност да ја консолидира меѓународната позиција.

„Им кажав на Американците и Англичаните да ја присилат Србија да престане да купува во Москва оружје во вредност на стоката што ја продава на Косово, и ние ќе го разгледаме нашиот став за царините“, кажа косовскиот премиер.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе