„Ако вие и другите сакате да избегнете референдум за обединување на Косово со Албанија во 2025 година, постои еден многу едноставен начин: Србија да го признае Косово како независна држава“, напиша Харадинај на Фејсбук.
Околу оценката на Вучиќ дека Харадинај е „опасен човек“ и дека голема Албанија би била закана и за Србија и за целиот регион, Харадинај напиша дека „сè додека им изгледам опасно на Александар Вучиќ и на Србија, на правиот пат сме“.
Објасни дека неговата најава за обединување на Косово со Албанија е последица на „негрижата на Брисел во врска со Косово“.
„Косово и неговите граѓани се најпрозападни (ориентирани) и како такви не заслужуваат да бидат презрени, игнорирани и условувани до бесконечност“, заклучи Харадинај.