Брегзит

Хаотични сцени во Долниот дом откако беше суспендиран парламентот (ВИДЕО)

Хаотични сцени во британскиот парламент додека почнуваа формалностите за суспендирањето (пророгацијата) денеска во раните утрински часови.

Претседателот на Домот, Џон Беркоу, го изрази својот гнев поради прекинувањето на процедурите, велејќи дека ова не е „нормална пророгација. Не е вообичаено. Не е стандардно. Ова е една од најдолгите пророгации со децении и претставува... чин на извршен декрет“.

Парламентот е суспендиран сè до 14 октомври, по деноноќие полно со напнати драми, што заврши два часа по полноќ.

Група пратеници од опозицијата, држејќи листови на кои беше напишано „замолчени“, се обидоа физички да го спречат спикерот Џон Беркоу да го напушти столот и да отиде во Домот на лордовите за да ја заврши процедурата за пророгација.

Додека конзервативците ја напуштаа просторијата со спикерот за да отидат во Домот на лордовите, лабуристичките пратеници им викаа „Срам да ви е!“. Лабуристите останаа во парламентот и ги пееја социјалистичката химна „Црвено знаме“ и патриотски велшки и шкотски песни.

Претходно дента на Борис Џонсон повторно не му успеа обидот да изнуди предвремени избори, откако пратениците од опозицијата беа воздржани, а лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, рече дека нема да дозволи неговата партија да влезе во „стапиците поставени од овој премиер“. Ова беше шести парламентарен пораз на премиерот за една недела, повеќе порази отколку што Тачер, Мејџор, Блер или Браун имаа во целите свои премиерски мандати.

И покрај тоа што кралицата даде согласност за закон што бара одложување на брегзитот по 31 октомври, освен ако не биде одобрен договор за разводот или парламентот не се согласи да ја напушти ЕУ без договор до 19 октомври, Џонсон инсистираше дека нема да бара уште едно одложување на брегзитот.

Спикерот Џон Беркоу соопшти дека планира да се повлече следниот месец, што предизвика и пофалби и критики во Домот.

Пратениците тесно изгласаа барање владата да ги објави сите писмени и електронски контакти поврзани со пророгацијата и планирањето брегзит без договор. Владата се согласи да ги сподели „соодветните информации со парламентот“, но тврдеше дека „опсегот на бараните информации е несразмерен и досега невиден“.

Либералдемократите најавија дека се решени официјално да го поддржат отповикувањето на членот 50 во обид да се позиционираат како најпро-ЕУ политичка партија, со што си ги уништија шансите за коалиција со лабуристите на претстојните избори.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе