Хаосот во хонгконшкиот универзитет по протестите (ВИДЕО)

Минатата недела стотици студенти демонстранти влегоа во објектите на хонгконшкиот универзитет и го окупираа кампусот.

Набрзо беа соочени со две тешки опции: да останат внатре додека не завршат залихите храна или да го напуштат универзитетот и во тој случај да ризикуваат средба со полицијата и можна казна затвор во траење од 10 години.

Властите ги обвинија демонстрантите дека Политехничкиот и другите универзитети ги претвориле во „фабрики за оружје“ кои „изгледаа како воени полигони“. Полицијата повеќе од три дена се обидуваше да ги избрка студентите од кампусот фрлајќи солзавец на нив, а тие за возврат полициските службеници ги гаѓаа со импровизрани бомби и стрели.

На тој начин во кампусот неколку дена беа заробени стотици демонстранти. Властите подоцна соопштија дека регистрирале 1.100 луѓе на универзитетот, од кои 600 своеволно го напуштија кампусот.

Полицијата ги уапси оние студенти кои се постари од 18 години или од претходно ѝ се познати на полицијата.

Во кампусот останаа само мал број демонстранти додека родителите, персоналот и локалните политичари се обидуваат да испреговараат нивно предавање. Откако зградите на универзитетот ги напуштија повеќето студенти демонстранти, кампусот практично остана во урнатини.

Новинари на Си-ен-ен влегле во кампусот и известија за неговата состојба. Насекаде се гледаат шишиња, ѓубре, графити и места каде што се правеле импровизираните бомби.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе