Хаос во Украина: евакуираните од Кина ги нападнале со камења, избил судир со полицијата (ФОТО+ВИДЕО)

Украинци евакуирани од Кина биле одведени во санаториум во градот Нови Санжари со протест на демонстранти кои автобусите ги нападнале со камења.

Околу 19:50 часот автобусите со Украинците кои биле евакуирани од Кина пристигнале во Нови Санжари. Жителите се обиделе да го спречат минувањето на автобусите до санаториумот па дури и почнале да ги гаѓаат со камења, пренесува украинската агенција УНИАН.

Избила и тепачка, но интервентната полиција успеала да ги отстрани демонстрантите и да обезбеди премин за автобусите со евакуираните од Кина.

Поради судирот со полицијата, неколку демонстранти биле приведени.

Пристигнале вкупно седум автобуси со Украинци од Кина кои носеле маски и инхалатори, а возачите биле во специјални заштитни одела.

Многу земји ги евакуираа од Кина своите граѓани поради епидемијата на новиот коронавирус кој се прошири од таа земја. Новиот вирус досега однесе над 2.000 животи низ светот, а заразени се десетици илјади луѓе, главно во Кина.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе