Најмалку девет лица се убиени

Хаос во Мјанмар, безбедносните сили пукаат во демонстрантите (ВИДЕО)

Најмалку девет лица се убиени во пукање на безбедносни сили во продемократските демонстранти во Мјанмар каде воената хунта притвори најмалку шест новинари и фотограф на агенцијата Асошиејтед прес обвинувајќи ги за криминал.

EPA-EFE

Ројтерс пренесува дека тинејџер е убиен во Мјингјан, но најмногу жртви има во централниот град Монива, каде се убиени пет лица, кави весникот Монива газет.

Мјанмар е во хаос од 1 февруари кога војската изврши пуч и ги сопре напорите кон демократија по речиси 50 години воено владеење по што следеа осуди од западниот свет, а во соседството на земјата владее сè поголема загриженост.

Две лица се денес убиени во вториот најголем град Мандалеј, додава Ројтерс. Една од жртвите е убиена со истрел во глава, а другата во градите, изјавил лекар за агенцијата Франс прес.

Ројтерс додава дека едно лице е убиено во најголемиот град Јангон, каде луѓето креваат барикади од автомобилски гуми и бодликава жица за да ја успорат полицијата.

Во централната улица Пансодан луѓето лепат фотографии од лидерот на воениот режим Мин Анг Хлаинг по асфалтот обидувајќи се така да ги успорат безбедносните сили кои не сакаат да газат по неговите фотографии.

Протестот во централниот град Мингјан исто така станал насилен откако безбедносните сили се судриле со демонстрантите. „Пукаа со вистински куршуми, покрај гумените и солзавецот“, изјави волонтер на брзата помош за АФП и кажа дека се повредени најмалку девет лица.

Против поранешната премиерка Аунг Сан Су Кји во понеделникот беа поднесени нови обвиненија, еден месец откако беше ставена во домашен притвор и еден ден по крвавиот протест против војската откако беше прекинат речиси десетгодишниот експеримент за демократизација.

 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе