Хаос во Иран поради смртта на Махса Амини, во протестите загинаа повеќе од 30 луѓе (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 31 цивил е убиен од почетокот на протестите во Иран, предизвикани од смртта на 22-годишна жена, откако беше уапсена од моралната полиција, објави денеска организацијата Хјуман рајтс Иран (ИХР) со седиште во Осло.

Фото: ЕПА

„Иранскиот народ излезе на улиците да се бори за своите основни права и човечко достоинство, а властите на овие мирни протести одговорија со куршуми“, рече директорот на ИХР Махмуд Амири-Могадам по шестдневните демонстрации.

Моќната иранска Револуционерна гарда го повика судството во земјата да ги осуди оние што шират лажни вести и гласини за 22-годишната Махса Амини.

„Побаравме од судството да ги идентификува оние кои шират лажни вести и гласини на социјалните мрежи, како и оние на улица кои ја загрозуваат психолошката безбедност на општеството, кон кои треба одлучно да делуваме“, соопшти гардата, изразувајќи сочувство до семејството на Амини.

22-годишната девојка почина во притвор откако беше уапсена минатата недела од полицијата за морал поради наводно непочитување на правилото за носење хиџаб. Очевидци тврдат дека полицијата ја однела во возило и ја тепала.

Демонстрантите во Техеран и другите ирански градови запалија полициски станици и возила претходно во четвртокот, а протестите не покажуваат знаци на стивнување. Во петокот, пак, беа најавени собири за поддршка на конзервативните ирански власти, јавуваат локалните медиуми.

Протестите поради смртта на Амини се најголеми во Иран од 2019 година. Тие се најмногу концентрирани во курдскиот северозапад од земјата, но се проширија во главниот град и најмалку 50 градови низ земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе