Хаос во Хонг Конг: Запалиле човек што викал „Вие не сте Кинези“ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Маж е запален во Хонг Конг, каде што полицијата претходно пукаше во демонстрант за време на ескалацијата на насилството на антивладините протести.

Мажот, кој бил запален, е примен во болница во критична состојба.

Објавена е видеоснимка на која се гледа како овој човек се расправа со група млади луѓе пред некој да го полее со запалива течност и да го запали, пренесе АП.

Како што пренесуват медиумите, неидентификуваниот и невооружен човек извикувал „Вие не сте Кинези“ пред да биде запален.

Видеото е вознемирувачко:

Претходно во медиумите се појави снимка од друг инцидент во која полицаец пука во 21-годишно момче при конфронтација со демонстранти кои рано утринава ги блокираа метро станиците и градските улици.

Момчето е примено во болница во критична состојба, иако полицијата соопшти дека по операцијата е вон животна опасност.

Се очекува насилството дополнително да ескалира откако во петокот почина студент од добиените повреди на протести, а полицијата во текот на викендот уапси шест опозициски пратеници.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе