Хаос во Хонг Конг: демонстрантите тргнаа на парламентот, полицијата се обидува да ги сопре со гумени куршуми (ФОТО+ВИДЕО)

Протестите во Хонг Конг ескалираа кога демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на парламентот. Полицијата се труди со солзавец, гумени куршуми и палки да го спречи упадот.

Демонстрантите ги блокираа улиците околу зградата на парламентот и полицијата ја гаѓаат со цигли, а има и повредени.

Медицински екипи ги згрижуваат повредените, а локалните медиуми јавуваат дека демонстрантите сепак успеале да влезат во дел од парламентот па полицијата сега ги брка надвор.

На социјалните мрежи се појавија информации и фотографии дека полицијата пукала во демонстрантите. Властите, пренесува Ројтерс, потврдија дека се користени гумени куршуми.

Во Хонг Конг со денови се одржуваат протести поради воведувањето нов закон за екстрадиција.

Измените на законот треба да ја поедностават процедурата за секој поединечен случај за одобрување екстрадиција на бараните осомничени на други земји, вклучувајќи ги Кина, Макао и Тајван, покрај 20 земји со кои Хонг Конг веќе има договор за екстрадиција. Гласањето за законот е закажано за 20 јуни.

Противниците на усвојувањето на предложениот закон сметаат дека обвинетите во кинескиот правосуден систем нема да ги имаат истите права како во Хонг Конг.

Хонг Конг, поранешна британска колонија, ѝ беше вратен на Кина во 1997 година, со гаранции за автономија и слобода, вклучувајќи и посебен правен систем.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе