Хаос во Холандија: „Корона хулиганите“ палат сè пред себе (ВИДЕО)

Холандската полиција употреби вчера водени топови за да разбие протест на противниците на рестриктивните мерки поради коронавирусот во центарот на Амстердам и приведе повеќе од сто лица поради фрлање камења и употреба да пиротехнички средства. Властите ги нарекоа демонстрантите „корона хулигани“.

EPA-EFE

Протестот беше одржан откако владата воведе ноќен полициски час, за првпат од Втората светска војна.

Меѓу демонстрантите имаше и сопственици на ресторани кои се противат на затворањето, јавува Ројтерс.

Протест беше одржан и во саботата вечерта, кога беа уапсени 25 лица низ земјата и напишани 3.600 казни за кршење на полицискиот час.

Полицијата во Ајндховен користеше водени топови и солзавец против стотиците демонстранти и предупредуваше преку разгласи да се избегнува центарот на градот.

Во саботата вечерта, за време на првата ноќ на полицискиот час, демонстранти во холандското село Урк запалија лабораторија за тестирање на коронавирусот и фрлаа пиротехнички средства.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе