Хаос во Ерменија: Противниците на премиерот упаднаа во зградата на владата (ВИДЕО)

Толпа противници на ерменскиот премиер Никол Пашинјан упаднаа во зградата на влада во центарот на Ереван, каде што има неколку министерства.

EPA-EFE

Опозицијата одржа собир во холот во приземјето и ги повика функционерите на министерството да не учествуваат на митингот кој премиерот го одржува денес. Акцијата траеше неколку минути. По извикувањето дека бараат оставка од премиерот, демонстрантите ја напуштија зградата.

Опозиционерите упаднаа во зградата и покрај отпорот на полицијата. Потоа почнаа да скандираат „Ерменија без Никол“.

„Ја завршуваме нашата акција. Целта ни беше да покажеме дека можеме да влеземе во кое било министерство“, кажа еден од учесниците на упадот.

Новата политичка криза се разгоре во Ереван по невнимателните зборови на Пашинјан за руските системи „искандер“. Заменик началникот на генералштабот на оружените сили на Ерменија го исмеа премиерот, по што беше сменет, а набрзо потоа и на началникот на генералштабот му беше понудено да поднесе оставка.

Во четвртокот оружените сили на Ерменија издадоа соопштение во кое бараат оставка од самиот Пашинјан. Премиерот ова го оцени како државен удар и ги повика поддржувачите да излезат на улиците.

Во меѓувреме опозицијата крена барикади и шатори во близина на ерменскиот парламент. Тие одбиваат какви било преговори со владата и бараат оставка од премиерот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе