Хаос во Брисел: запалена полициска станица, настрада возило од придружбата на кралот (ВИДЕО)

Во Брисел избија протести поради смртта на момче од африканско потекло, кое починало при полициско приведување, јавуваат агенциите.

EPA-EFE

Во немирите е запалена полициска станица, а уапсени се повеќе од 70 демонстранти.

По мирните протести, синоќа дојде до немири во престолнината на Белгија кога група демонстранти со разни предмети и пиротехника ја нападна полицијата која употребила водени топови за да ги разбрка.

На социјалните мрежи се објавени снимки од немирите. На една од нив се гледа дека демонстрантите со камења го погодиле и возилото на белгискиот крал Филип, но не се знае дали тој бил во автомобилот.

Протестите се одржуваат откако момче, идентификувано како Ибрахим, починало во полициски притвор. Тој наводно се обидел да избега додека полицијата легитимирала група луѓе кои не се придржувале до мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Како што јавува Франс прес, повикувајќи се на канцеларијата на обвинителството во Брисел, отворена е истрага за околностите на смртта на момчето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе