Има мртви

Хаос во Бејрут: снајпери пукаат во народот, владее општа паника (ВИДЕО)

Најмалку шест лице се убиени денес а над 60 се ранети во пукање во Бејрут. Пукањето се случило во близина на местото каде што се одржувал протест против главниот истражител во истрагата за минатогодишната експлозија во пристаништето во Бејрут, јавува Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор од војската.

EPA-EFE

Претходно денес либанската телевизија Ал џахид јави дека се слушнало пукање во близина на местото каде што се одржувал протестот и објави снимки на кои се гледа како луѓе на улиците бегаат обидувајќи се да најдат засолниште.

Поради хаосот на улиците власта ја ангажираше војската.

Претходно либанскиот суд ја отфрли тужбата против главниот истражител за експлозијата во Бејрут во август минатата година, во која настрадаа над 200 луѓе, и му дозволи да ја продолжи работата, покажуваат судски документи.

Истрагата за експлозијата привремено е прекината неделава откако жалба поднесоа поранешниот министер за финансии Али Хасан Калил и поранешниот министер за јавни работи Гази Зеитар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе