Хаос во албанското собрание, премиерот Рама нападнат со јајца (ВИДЕО)

Седницата на албанското собрание на кратко беше прекината откако пратеникот на опозициската Демократска партија Ендри Хаша го гаѓаше со јајца премиерот Еди Рама.

Рама беше на говорницата кога почна нападот со јајца.

Во очекување претседателот на парламентот Грамоза Ручи да интервенира, Рама мораше да ја напушти седницата, пренесуваат албанските медиуми.

Фотографија на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца објави поранешниот албански премиер Сали Бериша со коментар: „За присутните – тост и јајца“.

Истовремено со почетокот на седницата на албанскиот парламент пред зградата на собранието се собраа поголем број ученици и студенти, кои протестираат веќе 16-ти ден во повеќе градови во Албанија. Тие бараат од владата на Рама да ги исполни нивните барања кои главно се однесуваат на подобри услови за учење.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе