Хаос на улиците на Шпанија трета ноќ по ред, десетици уапсени (ВИДЕО)

Повеќе од 50 луѓе се уапсени, а десетици се повредени на протестите кои станаа насилни во неколку шпански градови. Протестите продолжија и синоќа, трета ноќ по ред.

EPA-EFE

Протестите ги предизвика затворањето на раперот Пабло Хасел, обвинет дека ја навредувал монархијата и го величел тероризмот.

Протестите на централниот плоштад во Мадрид на почетокот беа мирни, а демонстрантите скандираа „Нема повеќе полициско насилство“ и „Слобода за Пабло Хасел“.

Меѓутоа, полицијата интервенирала откако неколку демонстранти почнале да фрлаат стаклени шишиња и камења.

Одделни демонстранти одговориле со палење контејнери и поставување барикади на улиците.

Во главниот град на Шпанија полицијата уапсила 19 лица, вклучувајќи шест малолетници.

Итните служби им пружиле помош на 35 припадници на полицијата и на 2о демонстранти и минувачи.

Во Барселона се уапсени 29 лица, а најмалку осум се повредени и префрлени во болница.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе