Најкрвави протести во историјата на Белорусија

Хаос на улиците на Минск, ранети стотици, уапсени над 3.000 (ВИДЕО)

Во големите градови низ Белорусија избија протести откако долгогодишниот претседател Александар Лукашенко освои шести последователен претседателски мандат.

EPA-EFE

Стотици се повредени во судирите со полицијата, а едно лице го загуби животот откако ја удрило полициско комби, изјави денес претседателот на организацијата Пролет 96.

Околу 3.000 луѓе биле уапсени на протеститте во неколку белоруски градови. Се протестираше во 33 града, а станува збор за најкрвавите протести во историјата на земјата.

Некои поддржувачи на белоруската опозициска кандидатка Светлана Тихановскаја денес во раните утрински часови во Минск неофицијално прославија победа на изборите.

Тихановскаја одби да прифати пораз бидејќи државните медиуми наведоа дека Лукашенко добил повеќе од три четвртини од гласовите, а според независните анкети таа водеше во резултатите.

Бидејќи во главниот град и во други градови избија протести со десетици илјади луѓе, Тихановскаја повика на мир и ги замоли безбедносните сили да се воздржат од насилство.

Групата за заштита на човековите права Амнести интернешнал објави преку Твитер дека врз толпата во Минск биле „фрлени 6 шок-бомби и испукани неколку куршуми“. Освен тоа „најмалку шест возила на брза помош итале зад полициските линии додека завивале сирени“, се наведува во соопштението.

Државните медиуми подоцна известија дека ситуацијата е под контрола и дека во министерството за внатрешни работи се сретнал кризниот штаб.

Државната изборна комисија соопшти дека според првичните резултати Лукашенко освоил 80,23 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка 9,9 отсто.

Претседателката на изборната комисија Лидија Јермошина објави дека останатите кандидати освоиле помалку од два отсто од гласовите, а дека одѕивот бил 84 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе