Големи судири во Вирџинија, прогласена вонредна состојба

Хаос на собир на националисти во САД, автомобил се заби меѓу демонстрантите (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Властите на Шарлотсвил и американската сојузна држава Вирџинија прогласија вонредна состојба поради марш на десничарите во Тој град. Две лица се повредени во судирот на продесничарските групи и контрадемонстрантите, а најмалку едно лице загина и 19 се повредени откако автомобил се заби во толпата.

„Полицијата на Шарлотсвил и државата Вирџинија се на терен, каде се пријавени три инциденти со автомобили. Пријавени се повеќекратни повреди“, се вели во полициското соопштение кое го пренесуваат агенциите.

„Срцето ми се скршено поради загубениот живот. Апелирам на луѓето со добра воља – одете си дома“, напиша на Твитер градоначалникот на Шарлотсвил Мајк Сигнер.

Немирите избија на собирот „Да ја обединиме десницата“ меѓу демонстрантите десничари и противници на собирот. Десничарите организираа собир против отстранување на статуа од ерата на Конфедерацијата од паркот Емансипартион.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди насилните протести кои избија во Шарлотсвил.

„Сите мора да бидеме обединети. Осудувам сѐ што е омраза. Нема место за таков вид насилство во Америка“, напиша Трамп на својот профил на Твитер, пренесува Ројтерс.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе