Хаос на Хаваи: бегство во засолниште и пораки до саканите поради „ракетен напад“ (ФОТО+ВИДЕО)

На социјалните мрежи се објавени снимки од граѓаните на Хаваи како панично трчаат, бараат засолништа и им оставаат пораки на саканите по предупредувањето за ракетен напад.

Жител на Сан Диего објави гласовна порака која ја одбил од неговата мајка:

„Тукушто добивме предупредување дека ракета ита кон нас... Велат дека не е вежба и да најдеме засолниште. Не можеме многу да направиме, а ако е ова вистина, сакав само да ти кажам дека те сакам“.

Маж објави снимка од голф наведувајќи дека тукушто ја завршил последната дупка: „Ве сакам сите, но јас играм голф... Тоа ќе биде последното нешто во мојот живот“.

Снимката на Твитер ја постираше неговата ќерка со коментар „мојот татко живее и ќе умре играјќи голф“.

Жителите на Хаваи добија текстуална порака во која беа предупредени на закана со балистички проектил и итно да побараат засолниште. Властите подоцна потврдија дека заканата била лажна.

Информацијата дека станува збор за лажна закана стигнала дури 38 минути подоцна. Како што јавуваат светските агенции, жителите на Хаваи во меѓувреме се обиделе да се засолнат каде можеме – по одводи, канали, подруми...

Сѐ уште не се знае што точно ја предизвикало грешката, а гувернерот на Хаваи Дејвид Ајг за Си-ен-ен изјави дека „некој притиснал погрешно копче при промена на смената“.

Хаваи во декември минатата година го тестираа алармот за предупредување од нуклеарен напад за првпат по завршувањето на Студената војна. Тестирањето беше направено поради растечките тензии од ракетната и нуклеарна програма на Северна Кореја, која во септември 2017 го изврши своето шесто нуклеарно тестирање.

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе