Хаос на Хаити: по силниот земјотрес, морето ги поплави улиците (ВИДЕО)

Во земјотресот со јачина од 7,2 по Рихтер, кој денес го погоди Хаити во 8:30 часот по локално време, загинаа најмалку 227 лица а предизвикана е голема материјална штета.

EPA-EFE

Уште стотици луѓе се повредени или исчезнати, соопшти цивилната заштита.

Земјотресот се случи на 12 километри од округот Сент Луис ду Суд, кој е 150 километри оддалечен од главниот град Порт о Пренс, извести Американскиот институт за геофизика (УСГС).

Набрзо по најсилниот имаше серија дополнителни потреси, од кои еден со јачина од 5,2 по Рихтер.

На местото на земјотресот стигна и премиерот Ариел Анри, кој прогласи вонредна состојба која ќе трае најмалку еден месец.

На социјалните мрежи по потресот се појавија снимки од повлекувањето на морето. Набрзо потоа нивото на морето почна да расте, што предизвика дополнителна паника кај луѓето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе