Хаос на границата на Унгарија со Србија: емигранти ја пробиле оградата, унгарските граничари пукале (ФОТО)

Поголема група емигранти ја пробиле оградата кај српско-унгарскиот премин Хоргош-Реске 2, а унгарските граничари испукале предупредувачки истрели, јавуваат српските медиуми.

Унгарската полиција соопшти дека две групи емигранти утринава околу 5:30 часот се обиделе нелегално да влезат на територијата на Унгарија во близина на граничниот премин Хоргош-Реске 2.

Околу 60 емигранти ја пробиле оградата во време кога преминот бил затворен, а дежурните унгарски полицајци испукале неколку истрели во воздух, што ги спречило емигрантите нелегално да влезат во Унгарија.

Четири лица се уапсени, а граничниот премин останува затворен.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе