Судир на полицијата и емигрантите

Хаос на границата на Грција и Турција, емигрантите пристигнуваат со автобуси (ВИДЕО)

Граничарите на североисточната граница на Грција со Турција морале со солзавец да растеруваат околу 500 бегалци и емигранти.

Емигрантите се обиделе да влезат во Грција, односно ЕУ, откако Анкара ја намали контролата, односно одлучи повеќе да не ги сопира бегалците од Сирија кои по копно и море се обидуваат да стигнат во Европа.

Турските граничари ги снема утринава, кажа градоначалникот на Орестијада Власилис Мавридис, додавајќи дека група емигранти се обиделе да влезат преку Кастањес.

Ова е првпат толку голема група емигранти да се обиде масовно да ја мине границата.

Извори на весникот Катимерини потврдиле дека е зголемен бројот на патролите во оваа област и дека е поставена жичена ограда која го обезбедува секој сантиметар од границата.

На социјалните мрежи се појавија информации со видео-снимки, во кои се тврди дека Турција со автобуси ги префрла емигрантите до граничните премини со Грција.

„Грција нема да толерира ниеден нелегален влез на емигрантите преку нејзината граница и ќе ја засили безбедноста на своите граници“, предупреди денес грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, пренесува Ројтерс.

„Грција нема никаква одговорност за трагичните настани во Сирија и нема да ги сноси последиците на одлуките кои ги донеле други“, напиша тој на Твитер.

Емигрантите и бегалците почнаа да се трупаат на грчко-турската копнена граница откако Турција предупреди дека ќе ги пушти илјадниците емигранти кои ги држи во земјата од 2016 според договорот на Анкара и Брисел, а кои сакаат да стигнат до ЕУ.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе