Хаос на границата меѓу Венецуела и Колумбија околу тензиите со хуманитарната помош (ВИДЕО)

Ситуацијата е драматична на границата меѓу Венецуела и Колумбија каде што избија судири меѓу војската и демонстрантите, при што загина 26-годишно момче.

Ројтерс јавува дека уште едно лице загинало на границата, а бил запален и еден од камионите кои ја превезуваат хуманитарната помош.

Судирите избиле меѓу локалното население и безбедносните сили на границата меѓу Колумбија и Венецуела додека противниците на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се спремале за транспортирање на стотиците тони хуманитарна помош во земјата, а дел од венецуелските војници ги напуштиле своите позиции на границата.

Во исто време Мадуро танцувал со својата сопруга на провладин собир во Каракас, потег кој го критикуваа многумина на социјалните мрежи.

Дел од венецуелските војници ги напуштиле позициите на границата со Колумбија среде напорите предводени од опозицијата за префрлање на хуманитарната помош во земјата. Околу 600 тони храна, хигиенски производи и друга хуманитарна помош главно од САД се заглавени во Цуцута, колумбискиот град на венецуелската граница.

 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе