Еврокомесарот за проширување

Хан: Повлекувањето на САД значи дека Балканот се враќа во нормала

Околу оценките дека повлекувањето на Соединетите Американски Држави од водечката позиција во политиката кон Западниот Балкан би можела да го дестабилизира регионот, европскиот комесар за проширување Јоханес Хан нуди поинаков пристап, пишува Вашингтон пост.

„Тоа е еден вид лесно враќање во нормала“, кажа Хан, додавајќи дека 75 отсто од трговската размена на регионот е со земјите од ЕУ. Според мислењето на Хан, станува збор на некој начин само на реакција на ситуацијата на теренот бидејќи САД немаат речиси никакви бизнис интереси во регионот.

„САД претходно беа лидери поради интервенцијата на НАТО. Ситуацијата се смени. Ако погледнеме во поширока временска рамка, во регионот има напредок. На пример, ако на терен имаше некои тензии меѓу Србија и Косово, во минатото тоа лесно би предизвикало насилство, додека денес лидерите ги земаат телефоните и се јавуваат еден на друг“, кажа Хан за Вашингтон пост.

Тој кажа дека за време и непосредно по војните од 1990-те, Вашингтон а не Брисел беше лидерот во политиката кон регионот, но дека денес е поинаку. САД многу ја поддржуваат ЕУ во регионот и околу него, но верува дека Вашингтон е среќен што Брисел го презема лидерството.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе