Во пресрет на новиот круг разговори

Хамонд: Велика Британија ќе ѝ го плати на ЕУ она што ѝ го должи

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд денеска изјави дека неговата земја ќе ги исплати долговите кон Европската Унија и призна дека во британската влада има поделби околу повлекувањето од Унијата.

Не е откриен износот на финансиските обврски на Лондон кон Брисел, но во медиумите се споменуваат 55 до 100 милијарди евра.

„Ние ги почитуваме своите обврски. Ако должиме пари и ако тој износ е правилно пресметан, се подразбира дека ние ќе го платиме. Ние не сме земја што не ги плаќа своите долгови“, изјави за Би-би-си Хамонд, кој на референдумот на 23 јуни 2016 година го поддржа останувањето на Велика Британија во ЕУ.

Во Брисел утре да треба да почнат вториот круг преговори меѓу ЕУ и Велика Британија за брегзитот, а првиот беше на 19 јуни.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ откако ќе завршат процедурите, најверојатно кон крајот на март 2019 година, две години откако премиерката Тереза Меј на 29 март годинава официјално го почна процесот.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе