Хамнеи: „Не ја сакаме вашата помош, вие го направивте вирусот“

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи денес ја одби американската помош во борбата против коронавирусот, тврдејќи дека вирусот можеби е направен во САД.

„Американците неколку пати понудија помош на Иран во борбата против вирусот. Освен фактот дека постојат сомнежи дека Америка го направила вирусот, нивната понуда е чудна затоа што немаат успех во борбата против вирусот“, рече Хамнеи.

Тој рече дека не знае дали е точно ова, но додаде: „Ако постои такво обвинение, може ли некој мудар човек вам да ви верува и да прифати ваша помош? Може да му дадете на Иран лекови што го шират вирусот“, пренесува Ројтерс.

Хамнеи додаде дека Иран има капацитет да надмине секаков вид на криза, вклучително и епидемија.

Во Иран, една од земјите најтешко погодени од епидемијата, регистрирани се повеќе од 20.600 случаи од новиот коронавирус, додека 1.556 починале.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе